Здружение на граѓани Регионален Центар за застапување-Делчево Основано во октомври 2006, со седиште во Делчево.
Мисија
Застапување и поддршка на НВО секторот за партиципирање во процесот на креирање на политики за ефективен развој на регионот што ги опфаќа општините Делчево, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Виница и Кочани. Мисијата на РЦЗ произлегува од потребата на организација во регионот која ќе дава поддршка за соработка и вмрежување на трите сектори во регионот за идеи и проекти, ќе ги застапува политиките и интересите на субјектите од регионот пред донатори и институции, ќе координира и информира за меѓугранична соработка, ќе едуцира и информира за Европската унија.
Целни групи
НВО од регионот, Единиците на локална самоуправа од регионот, граганите од регионот и од М акедонија, НВО , институции и локални влади од Р епублика Б угарија.
Страте ш ки Цели
1. Континуирана поддршка на НВО од регионот
2. Унапредување на меѓугранична соработка
3. Едукација и информирање, обезбедување на јавноста од регионот на едно место да најдат добро организирани извори на информации за Европската унија, нејзините институции, активности и политики, законски рамки, документи и публикации, програми и процес на донесување на одлуки.
Програми на делување
Граѓанско општество
Продолжена мисија на ЦП НВО
Меѓугранична соработка
ЕУ, наша иднина
Клучни активности
Пружање на НВО лепеза од услуги како информирање за конкурси, фотокопирање, скенирање, интернет, библиотека и дневен печат, телефон и факс услуги, сала за состаноци, превод, консултации и помош за изработка на проекти.
Структура на РЦЗ
Собрание на РЦЗ
Управен одбор
Надзорен одбор
Оперативен тим
Од официјалното отварање на 6 април 2004 год. па до март 2006 год. ЦП НВО Делчево успешно ја исполнува својата мисија за зајакнување на граѓанското општество во регионот.
Клучни активности
Продолжување со досегашната поддршка на НВО, (веќе спомената потребата) со пакет услуги за кои се наплатува минимална цена.
Обезбедување на пристап до информации за ЕУ.
Организирање на семинари, трибини, НВО саеми и сл.
Пружање на НВО лепеза од услуги како информирање за конкурси, фотокопирање, скенирање, интернет, библиотека и дневен печат, телефон и факс услуги, сала за состаноци, превод, консултации и помош за изработување на проекти.