#1/ НВО Аронија: Предавање за органско производство на аронија, вишна и слива придружено со сесија на прашања и одговори. Предавањето го следеа околу 25 претставници на земјоделски НВОи од Делчево, Пехчево и Берово, претставници од локалната самоуправа и подрачното министерство за земјоделие и водостопанство. Предавач беше експертот за земјоделие г-дин Зиберовски, кој даде и интервју за МТВ во врска со ова предавање. Иницијаторот на иницијативата, НВО Аронија превзеде одговорност да ја продолжи соработката со заинтересираните НВОи.
#2/ НВО Оганизација на жени Пехчево: Предавање за предвременото забременување, негова превенција и заштита, проследено со детална дискусија од страна на д-р Симовска. Организација на жени, Пехчево ја иницираше оваа табу тема со цел да се овозможи за прв пат отворена дискусија околу оваа сложена тема, соодветна за младите луѓе од Пехчево. Предавањето го следеа 22 млади лица (на возраст од 18-22 години, од двата пола) кои покажаа голем интерес поставувајќи многу прашања до предавачот.
#3/ НВО Равен: Со цел промовирање на археолошкото и културното наследство на Малешевскиот и Пијанечкиот регион, се организираше историско и археолошко предавање од страна на г-дин Маноил Стефановски. На предавањето учествуваа 22 претставници од НВОи, локалната власт и граѓани кои поставуваа голем број на прашања. Предавањето беше надополнето со презентација на предмети од различни периоди.
#4/ НВО Напредок, Пехчево: Презентација на тема “Како да се постане успешен менаџер”, од страна на м-р Јован Кацарски, на кое учествуваа НВОи од Делчево и Пехчево, како и претставници од бизнис секторот. Во текот на предавањето беа одговорени голем број на прашања поставени од страна на учесниците.
#5/ НВО Цвет: Целта на иницијативата е подобрување на вештините за англиски јазик (4 октомври - 25 декември) преку оддржување на курсеви од страна на г-ца Кендра Милер, волонтер од Мировниот корпус. На курсот се вклучени 36 НВО претставници, поделени во три групи, по 12 лица (првата група- почетници, втората група- средно ниво, и третата група-напредно ниво). Учењето на англискиот јазик ќе придонесе за подобро разбирање на конкурсите, во пишувањето предлог проекти на, истражување по Интернет и друго.
#6/ НВО Фудбалски клуб Брегалница (млади): Промовирање и зголемување на активноста во спортот преку организирање на фудбалски турнири за младите од Делчево (шест фудбалски екипи од Делчево).
#7/ НВО ПОП: презентација за културното наследство на Пијанечкиот регион со траење од три часа, придружена со околу 100 слајд презентации. По презентацијата следеше дебата, на која покрај другите учесници учествуваа и градоначалникот на градот г-дин Илчо Илиев, сегашен и поранешниот директор на Културниот центар, членови на НВОи и професори по историја. Локалната ТВ РТД го емитуваше настанот.
#8/ НВО Младински Едукативен Центар-МЕЦ од Делчево: иницираше предавање на тема СИДА. Презентери беа млади членови на НВО Хера од Скопје кои оддржаа многу интересно и неформално предавање со практично демонстрирање на начините за заштита. На предавањето учествуваа 28 ученици од различни одделенија.
#9/ НВО Порта: поформално предавање на заштита од СИДА од страна на медицински специјалист на тема: карактеристики, спецификации и фази на сидата и превентивна акција преку самозаштита. На предавањето присуствуваа претставници од 35 одделенија од средното училиште Методиј Митевски- Брицо од Делчево. Брошури на дадената тема беа припремени и дистрибуирани.
10/ НВО Пијанец-Делчево: Предавање за културните вредности на Пијанец и презентација на откриените локации и објекти.
#11/ НВО Златно доба Виница: организирање на предавање во Виница за сидата, по повод обележувањето на Светскиот ден на сидата. Претставници беа, по втор пат, млади членови на НВО ХЕРА од Скопје, кои презентираа неформално предавање со практично демонстрирање на начините за заштита. Предавањето го следеа 40 учесници (студенти од различни нивоа, професори, граѓани, членови на НВОи) кои истовремено поставуваа и голем број на прашања.
#12/ НВО Клубски: организира петдневен камп за кошарка, при во рамките на кампот што се реализираше и предавање од страна на професор г-дин Бранко Крстевски (професор од факултетот за физичка култура во Скопје), за 20 млади претставници на КК Клубски, на тема Спорт (обука, исхрана и информации за познати кошаркари во Македонија).
#13/ НВО Цвет: иницираше предавање за штетното влијание на пушењето. Целна група беа 48 ученици од локалното средно училиште, при што предавачот и лекарот говореа за штетното влијание на никотинот врз човечкиот организам, како и за болестите кои може да ги предизвика пушењето, особено за рак на градите. Во тек на предавањето се претставија и резултати од истражување со учениците и беа поделени едукативни материјали и флаери.
#14/ НВО Пијанечки глас: иницираа поетски настан со наслов “Сакам да творам”. Отворена комуникација преку поезија помеѓу најталентираните 28 ученици на возраст од 18-20 години избрани од локалното средно училиште. Децата твореа и читаа поезија заедно со познатиот македонски писател г-дин Горјан Петревски. При тоа тој беше “бомбардиран” со прашања за неговиот приватен живот, за неговите почетоци во пишување, неговата омилена книга и слично. На крај секој учесник доби книга со поезија подготвена од членовите на НВО Пијанечки глас и г-дин Петрески ја подари својата најново издадена книга “Сама” како благодарница за Центарот во Делчево, изразувајќи го своето задоволство од посетата во Делчево и неговата желба да ги посети повторно. Информациите од настанот беа снимени и емитувани на локалната ТВ во Делчево како и на МТВ.
#15/ НВО КХАМ, Делчево: Предавање на тема “местото и улогата на НВОите во новиот закон за децентрализација”, од професорот Ило Трајковски. Предавањето го следеа 23 учесници (претставници од локалната власт, директорот на локалното средно училиште, претставници од НВОи) поставувајќи голем број на прашања. Настанот се емитуваше на локалната РТВ Делчево.
#16/ НВО Искон, Дождовник, Делчево: Иницирање на активности за обележување на Денот на планетата земја. првата активност беше предавање на тема “Етика на природата и на животот”, од проф. м-г Кирил Темков (професор на филозофски факултет), за публика од 120 слушатели. Членовите на НВО Дождовник даваа флаери на сите посетители. Втората активност беше акција за чистење на центарот на градот и садење на 200 садници во Делчево. Настанот го емитуваа локална ТВ и РТВ Делчево.
#17/ НВО МАТИЦА –Виница: Организирање на предавање на тема Апикултура од страна на проф. др Мишо Христов (професор од институтот за Ветеринарство). На предавањето беа опфатени следните области: заштита на пчелите и како да се пласира медот во пазарот. ова предавање беше дел на фестивалот на медот во Благовец 2005, организирано од Матица од Виница.
#18; 19; 20; 21; 22; 23/ НВОи Порта-Делчево; Blue Sky-Делчево; Цвет-Делчево; МЕЦ, ПОП и Бравура кооператива од Делчево; Културно уметничко здружение Гоце Делчев од Делчево; Бравура кооператива од Делчево: Организирање на неколку активности по повод Денот на Европа:
Распределба на ЕУ знамиња и балони
Квиз на тема ЕУ
Ликовна работилница на тема Твориме за Европа
Трка со велосипеди
Културно артистичка програма
ЕУ парк |